Трамп: Иран сериозно го прекрши примирјето, но американските претставници вo понеделник ќе бидат во Пакистан

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските претставници ќе бидат во Исламабад во понеделник на понатамошни преговори со Иран, јави ДПА.
„Моите претставници одат во Исламабад, Пакистан. Тие ќе бидат таму утревечер, на преговори“, напиша Трамп во долгата објава денеска на социјалните медиуми.
Трамп изјави дека Иран вчера изврши „сериозни прекршувања“ на прекинот на огнот, но дека сè уште верува дека може да постигне мировен договор. Не прецизираше што точно смета за прекршување на примирјето.
„Договорот ќе се случи. На еден или друг начин. На убав или на жесток начин. Ќе се случи. Можете да ме цитирате“, рече Трамп, кој се огласи и на социјалната мрежа Truth.
„Вчера, Иран одлучи да отвори оган во Ормуската Теснина, со што целосно го прекрши нашиот договор за прекин на огнот! Многу од истрелите беа насочени кон француски брод и товарен брод од Обединетото Кралство. Тоа не беше убаво, нели?“
Првата рунда преговори меѓу Иран и САД во Исламабад заврши минатиот викенд без опипливи резултати, оставајќи сомнеж дали може да се најде решение за војната што ја започнаа САД и Израел на 28 февруари пред да истече моменталниот прекин на огнот во среда, потсетува германската агенција.
Главна точка на сопнување остана повторното отворање на Ормуската Теснина, клучниот воден пат за глобалната трговија со нафта.
Во тоа што се чинеше како знак дека дипломатските напори зад сцената постигнуваат напредок, Иран во петокот објави дека го повторно го отвора мореузот, но веќе вчера ја повлече одлуката откако Трамп изјави дека САД ќе ја одржат својата поморска блокада на иранските пристаништа додека не се постигне мировен договор.
Трамп меѓудругото викендов изјави САД „нудат многу фер и разумен ДОГОВОР“.
„Се надевам дека ќе го прифатат, бидејќи ако не го сторат тоа, САД ќе ги срушат сите електрани и сите мостови во Иран.“
МИА
Ново на Сител
-

За една година удвоен бројот веб-страници што продаваат материјали со сексуална злоупотреба на деца
-

Продолжен куќниот притвор на Артан Груби
-

Специјалниот претставник на Трамп, Зампаоли предложи Иран да се замени со Италија на СП 2026
-

Најстудено утрово на Попова Шапка -4 степени
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ Муамед Сејдини за проневера од 700.000 евра
-

Вадефул се заложи за укинување на принципот на едногласност во ЕУ во надворешната и безбедносната политика
-

Законските измени за укинување на техничката влада пред собраниската Комисија за политички систем
-

Песков: Средба на Путин со Зеленски можна само за финален договор
