Трамп: Иранскиот одговор на нашиот предлог е тотално неприфатлив

Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше иранскиот одговор на неговиот предлог насочен кон завршување на војната како „тотално неприфатлив“, пренесе ДПА.
„Тукушто го прочитав одговорот од таканаречените „претставници“ на Иран. Не ми се допаѓа – ТОТАЛНО НЕПРИФАТЛИВО! Ви благодарам за вниманието за ова прашање. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, напиша тој синоќа на својата платформа Truth Social.
Тој не даде дополнителни детали за предлогот.
Неколку часа претходно, Трамп, исто така, издаде предупредување до Техеран во посебна објава, велејќи: „Тие повеќе нема да се смеат!“
Иран претходно вчера го достави својот одговор на американскиот предлог до Пакистан, кој дејствува како посредник, наведе државната агенција ИРНА.
Државниот радиодифузер IRIB објави дека иранскиот нацрт-договор се фокусира на прекинување на непријателствата на сите фронтови, особено во Либан, како и на безбедноста на поморскиот превоз.
Иранската влада изјави во текот на изминатата недела дека го разгледува американскиот предлог што состои од рамка од 14 точки. Планот има за цел да постави основа за почетен 30-дневен период на преговори насочени кон завршување на војната.
Според извештаите на медиумите, дискусиите вклучуваат и можно ублажување на американските санкции и договори во врска со иднината на Ормуската Теснина. Во нив се додава дека предлогот, исто така, ќе ги постави темелите за преговори за контроверзната нуклеарна програма на Иран, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Работничките права се уште комплетно не се почитуваат, особено кај трудниците и тоа работниците да ги имаат договорите за работа
-

Преглед на вестите од светот
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
-

Драстичен скок на цената на нафтата, последиците кај нас допрва ќе следат
