Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот

Иран лансираше најмалку четири дронови кон бродови што минуваат низ Ормускста Теснина, кршејќи го договорот за прекин на огнот со САД, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој на својата социјална платформа Truth Social изјави дека еден од дроновите ја погодил горната палуба на товарен брод.
„Штетата е направена, но бродот можеше да продолжи со своето патување. Соборивме уште три дрона. Ова е очигледно глупаво кршење на нашиот договор за прекин на огнот“, напиша Трамп.
Двајца неименувани американски функционери синоќа изјавија дека Иран нападнал товарен брод што бил погоден од ракета додека се обидувал да помине низ Ормуската Теснина.
Бродот „Евер Лајвли“ бил погоден од ракета од десната страна, 7,5 наутички милји југоисточно од оманското пристаниште Дахит, додека се обидувал да помине низ Ормуз.
Од ударот е оштетен мостот на бродот, кој е во сопственост на компанијата „Евергрин“ од Тајван, а во нападот немало жртви.
МИА
Ново на Сител
-

Тројца загинати во пукање на семејна прослава за неродено бебе во САД, меѓу нив и таткото на детето
-

Две третини од домаќинствата во Македонија се без деца, во ЕУ речиси 77 проценти
-

Најмалку 12 загинати во руски напади врз Киевскиот регион, деветмина затрупани под урнатините
-

Најтопло утрово во Демир Капија, најстудено на Попова Шапка
-

Трамп: Иран лансираше најмногу ракети и дронови досега, не грижете се, сите се соборени
-

Студенти во Јужна Кореја препишувале со AI, министерот за образование поднесе оставка
-

632 осомничени и 91 компанија под истрага по падот на турската берза
-

Облачно со дожд, на места засилен ветер
