Трамп ја предлага Ерика Шварц за директор на националниот Центар за контрола и превенција на болести

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе ја номинира Ерика Шварц за функцијата директор на Центарот за контрола и превенција на болести (CDC), во рамки на предвидените кадровски промени во националното здравство.
Шварц во периодот на КОВИД-епидемијата ја извршуваше функцијата заменик-главен државен инспектор за здравство и беше дел од Координативното тело за справување со епидемијата.
Доколку биде потврдена нејзината номинација, таа ќе раководи со Агенцијата одговорна за следење и реагирање на закани по јавното здравје. Директорот на Агенцијата со седиште во Атланта има клучна улога во креирањето на политиката за вакцинација во САД.
Шварц ќе одговара пред министерот за здравство, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, кој е познат по своите ставови за вакцините што честопати се спротивни на одредени кругови во научната фела.
Во претходниот период Трамп ја разреши тогашната директорка на Центарот, Сузан Монарес, по несогласувања околу предложените промени во вакциналната политика.
Анкетите покажуваат дека дел од јавноста не ги поддржува реформите поврзани со вакциналниот календар.
МИА
Ново на Сител
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
