Свет
28. јуни 2025 - 9:13

Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа во Белата куќа дека ќе го реши конфликтот со Северна Кореја, пренесуваат британските медиуми.

- Имав добри односи со Ким Џонг- ун и навистина добро се согласувам со него, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. 

Ќе видиме што ќе се случи, додаде тој.

- Некој вели дека постои можност за конфликт, мислам дека ќе го решиме. Ако има, нема да бидеме вклучени во него, истакна американскиот претседател.