-->
-->
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-->

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг подоцна овој месец, соопшти денеска портпаролката на Белата куќа, Керолин Ливит.
Зборувајќи пред новинарите во Белата куќа, таа изјави дека Белата куќа не била запознаена со намерата на Украина да почне голем напад со дронови врз воени аеродроми во Русија за време на викендот.
Ливит додаде дека Белата куќа е запознаена со извештаите дека израелската војска пукала врз палестински цивили во близина на камиони за дистрибуција на храна и хуманитарна помош во јужниот дел на Појасот Газа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
