Трамп ќе воведе царини за европските стоки „многу скоро“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека „многу скоро“ ќе воведе царини за европските производи, слични на оние што веќе ги наметна за увозот од Канада, Мексико и Кина.
– Тие имаат огромна предност во трговијата со нас – САД има трговски дефицит од 300 милијарди долари. Тие не купуваат наши автомобили, земјоделски производи – речиси ништо.
А ние купуваме милиони нивни автомобили и големи количини храна, изјави Трамп на прес-конференција.
На прашањето кога точно ќе бидат воведени царините, Трамп одговори: „Немам конкретен датум, но ќе биде многу скоро.
“Во меѓувреме, тој најави утрински разговори со канадскиот премиер Џастин Трудо и со мексиканската влада, по воведувањето на 25 отсто царини за увозот од овие земји.
– Ќе разговарам со Трудо утре наутро, исто така и со мексиканската влада, но не очекувам ништо значајно.
Наметнуваме царини затоа што тие ни должат многу пари, изјави синоќа Трамп за време на прес-конференција во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида.
Ново на Сител
-

Приведени 11 лица во текот на изминатото деноноќие затоа што кај нив е пронајдена дрога
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола
-

Приведени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Галузин: Европа засега нема разумни предлози за решавање на украинскиот конфликт
-

Миланов: Млечните производи со несоодветни декларации се безбедни, но со нарушен квалитет
-

11 лица приведени, а двајца завршиле во болница по групна тепачка во Шуто Оризари
-

ЕК ја продолжува постапката против Бугарија поради правилата за правна помош
-

Авион се урна во Хрватска, четири лица загинаа, по две се трага
