Трамп: Мора да се справиме со радикалните левичарски лудаци
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави пред новинарите дека „едноставно мора да ги победиме до бесвест“ „радикалните левичарски лудаци“, по убиството на конзервативниот коментатор Чарли Кирк.
Трамп зборуваше на јужниот тревник на Белата куќа, пред заминувањето за Њујорк, одговарајќи на прашања за неговата порака до конзервативците кои се чувствуваат нападнати од радикални групи.
– Мора да бидеме храбри во животот. Имаме голема земја, но има радикални левичарски лудици, кои мора во целост да ги победиме, рече Трамп, пренесува Политико.
Тој додаде дека сепак ги повикува своите поддржувачи на ненасилен одговор, нагласувајќи дека самиот Кирк бил застапник на ненасилство.
– Така би сакал да одговорат луѓето. Тој секогаш велеше дека е за ненасилство, истакна Трамп.
Кирк во минатото предупредуваше дека неговите јавни настапи често биле откажувани поради закани од „Антифа и екстремни левичарски активисти“.
Тој беше убиен завчера на 31-годишна возраст, во напад за време на универзитетски настан во Орем, Јута, што ја потресе американската јавност. Напаѓачот сè уште не е уапсен, а мотивот за убиството е непознат.
По нападот, Трамп сними видео-обраќање од Овалната соба, во кое го пофали Кирк и ја обвини „радикалната левица“ за неговата смрт. Тој посочи дека Кирк бил споредуван со „нацисти и најлоши масовни убијци“, обвинувајќи дека таквата реторика води до насилство.
– Овој вид реторика е директно одговорен за тероризмот што денес го гледаме во нашата земја, изјави претседателот во триминутното видео.
Трамп најави дека администрацијата ќе ги идентификува „организациите што финансирале и поддржувале политичко насилство“, без да прецизира кои групи се во прашање. Како примери ги наведе обидот за атентат врз него во Батлер, Пенсилванија, нападите врз агенти на Имиграциската служба, убиството на извршниот директор на „Јунајтед Хелткер“ Брајан Томпсон во Менхетен и пукањето во 2017 година кога беше ранет републиканскиот конгресмен Стив Скалиес.
– Имаме група радикални левичарски лудици. Апсолутни лудици. И ќе го решиме тој проблем, додаде Трамп.
Тој посочи дека истрагата за убиството на Кирк брзо напредува и објави дека посмртно ќе му биде доделен Претседателски медал на слободата.
МИА
Ново на Сител
-
Објавена фотографија од пушката со кој беше убиен Чарли Кирк | ФОТО
-
ОН: Во Северна Кореја се бележи зголемен број на смртни казни и затвореници на принудна работа
-
НЦАА поведе истрага против 13 кошаркари за нелегално обложување
-
Штипското Обвинителство ги испитува причините за несреќата на патот Штип-Радовиш, каде загинаа тројца странски работници
-
Случај Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании
-
Трамп: Мора да се справиме со радикалните левичарски лудаци
-
Десницата и левицата и во ЕП поднесоа одвоени предлози за изгласување недоверба на Еврокомисијата
-
Во недела и понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи