Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Иран со нови напади ако Техеран не склучи мир, јави ДПА.
„Или ќе има мир или ќе има трагедија за Иран, многу поголема од она што го видовме во последните осум дена“, рече Трамп во обраќањето до нацијата од Белата куќа, откако претходно објави дека САД нападнале три нуклеарни постројки во Иран.
„Запомнете, останаа уште многу цели“.
Трамп рече дека САД извршиле напади што „целосно и тотално ги уништиле“ клучните постројки за збогатување ураниум. Тој додаде дека Иран „мора да склучи мир сега. Ако не го сторат тоа, идните напади ќе бидат многу поголеми“.
Нешто повеќе од два часа претходно, Трамп објави дека американските авиони нападнале три нуклеарни постројки во Иран – во Натанз, Исфахан и постројката за збогатување ураниум во Фордо.
Израел ја започна кампањата на 13 јуни, нагласувајќи дека имала за цел да го спречи Иран да развива нуклеарно оружје. Техеран постојано негира дека се стреми кон нуклеарно оружје и тврди дека неговата нуклеарна програма е само за цивилни цели.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
-

ДСЗИ побара стручна комисија да испита дали починатото новороденче на ГАК било соодветно лекувано
-

Антимигрантската резолуција влезе во Собранието – СДСМ остана надвор
-

„Нова сила“ со стари имиња – Филипче го склопи партиското раководство
-

Македонска делегација во Брисел
