Трамп најави „економска војна“ против Иран и се закани со последици за земјите што го поддржуваат

Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави „економска војна“ и изолација на Иран од невидени размери, во услови на застој во преговорите со Техеран. Истовремено тој упати предупредување дека со сериозни економски последици ќе се соочат и земјите што ќе му пружат економска поддршка на Иран.
„Никој не и даде на Исламската Република Иран поголема можност од мене да постигне договор“, напиша Трамп на својата платформа „Трут соушл“, додавајќи дека Техеран „не ја искористил“.
„Затоа денеска ја објавувам НАЈСУРОВАТА ЕКОНОМСКА ОПЕРАЦИЈА што некогаш била преземена против која било држава“, напиша американскиот претседател. Трамп додаде дека станува збор за „економска војна и изолација во невиден обем“.
Тој ги предупреди земјите чии финансиски институции, компании, аеродроми или државни структури ќе му обезбедат „каква било спасувачка помош на Иран“ дека и самите ќе се соочат со „огромни економски последици“.
Најавата претставува дополнително засилување на американскиот притисок врз Техеран, во услови на продолжен застој во напорите за постигнување договор.
Иранските медиуми денеска не покажуваат особена загриженост по заканите на Трамп, оценувајќи дека станува збор за продолжување на американската политика на притисок врз Техеран, јави ДПА.
Иранската новинска агенција „Фарс“ на „Телеграм“ оцени дека последните изјави на Трамп се дел од вообичаената „психолошка војна и пропагандна кампања“, потсетувајќи дека американскиот претседател и во минатото најавувал пад на Иран и мерки со историски размери.
Иранската агенција „Тасним“ оцени дека пораката на Трамп „не претставува нов момент“, бидејќи САД со години се обидуваат да ги блокираат финансиските и економските врски со Иран.
Иран, сепак, „научил како да ги заобиколува овие ограничувања и станал многу вешт во тоа“, објави „Тасним“ на „Телеграм“.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинетите го оспоруваат вештачењето за „Пулс“, за родителите тоа е јасно и аргументирано
-

Летна школа на меѓународниот семинар за македонски јазик во Охрид
-

Премиерот Мицкоски е подготвен за средба со Радев во секој момент, но нема иницијатива
-

Километарски колони на Табановце откако системот Безбеден Град почнува да казнува и странци
-

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за извештаите за загадена вода во Гостивар додека Венко Филипче бил министер
-

Над 10.000 овци угинаа во Македонија од овчи сипаници, сточарите бараат итни мерки за заштита
-

Разнесени трупови на еутанизирани овци, сточарите бараат итна реакција од АХВ
-

Преглед на вестите од светот
