Трамп ненадејно го откажа испраќањето претставници во Пакистан

Претседателот на САД, Доналд Трамп за „Фокс њуз“ (Fox News) објасни зошто не испратил американска делегација во Исламабад на разговори со Иран.
Тој наведе дека им кажал на Стив Виткоф и Џаред Кушнер: „Нема да летате 18 часа за да стигнете таму, ние ги држиме сите карти во раце“Нема да летате 18 часа за да стигнете таму, ние ги држиме сите карти во раце, им кажал Трамп на Стив Виткоф и Џаред Кушнер
Тој додаде дека повеќе нема да испраќа претставници на долги летови за „да седат и да разговараат за ништо“.
Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит вчера изјави дека Виткоф и Кушнер ќе отпатуваат за Пакистан, за да слушнат што имаат да кажат Иранците. Но, Трамп очигледно го променил својот план.
Во меѓувреме, иранските медиуми објавија дека шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи по средбите со началникот на пакистанската армија Асим Мунир и со премиерот Шехбаз Шариф, заминал од Исламабад.
Арагчи наведе дека во Исламабад ги објаснил принципиелните позиции на неговата земја. Детали од разговорите со пакистанските претставници не се познати.
Шариф средбата со Арагчи ја опиша како „многу топла и срдечна размена на мислења за моменталната регионална ситуација“.
Тој на платформата Икс објави дека разговарале и за прашања од заеднички интерес, вклучително и понатамошно зајакнување на билатералните односи помеѓу Пакистан и Иран.
Ново на Сител
-

Јаневска: Многу брзо ќе слушнеме нова неправилност поголема од онаа на Филозофски факултет
-

УГД станува хаб за сајбер одбрана во регионот
-

Еден загинат и тројца повредени градежни работници на градилиште во Кисела Вода
-

Спикерот Гаши домаќин на 20-та конференција на Јадранско-Јонската иницијатива
-

Стартап академија ги поврза младите од Македонија и Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Пратениците да се консултираат со уставни експерти пред да се носат измените за укинување на двојното државјанство
-

Предлогот за укинување на техничката влада помина на Собраниска комисија, Филипче со ултиматум до власта
