Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека засега е подготвен да го зголеми економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова голема воена офанзива, нагласувајќи дека преговорите меѓу Вашингтон и Техеран се одвиваат „со половина сили“.
Во денешното интервју за Аксиос Трамп не презентираше нови воени закани „ниту изрази гнев“ затоа што Иран го одложува објавувањето на договорот со Оман за повторно отворање на Ормуската Теснина.
„Не правиме голема работа од тоа“, рече Трамп за време на краткиот телефонски разговор, осврнувајќи се на новиот список барања што ги постави Иран за дозволување на морски сообраќај низ Ормуската Теснина.
Како што истакна Трамп, Вашингтон „само половично преговара“ со Техеран.
„Само половично преговараме со нив. Го гледаме Иран со неговата огромна инфлација и фактот дека немаат пари“, додаде американскиот претседател.
Трамп нагласи дека Иран е „во многу лоша економска состојба“ и дека нема пари да ги плати своите војници.
Според него, поморската блокада на САД дополнително ја влоши економската криза на иранскиот режим.
Истовремено, Трамп рече дека американските потрошувачи помалку ги чувствуваат ефектите од војната, бидејќи цената на нафтата падна на нешто над 75 американски долари за барел.
„Ќе заврши како што треба. Секогаш завршува така. Тоа е како игра шах“, рече Трамп за надмудрувањето со Иран.
Според американскиот портал, американските претставници изјавија дека пред една недела Трамп бил повеќе наклонет да продолжи со големите борбени операции против Иран, но дека во меѓувреме бил убеден засега да ги намали тензиите.
Еден од претставниците рече дека борбите му овозможиле на иранскиот режим да избегне справување со последиците од војната, вклучително и штетата на инфраструктурата и длабоката економска криза што следеше.
МИА
Ново на Сител
-

Подвиг за восхит: 11-годишниот Давид и 12-годишната Анастасија освоија три алпски врва над 4.000 метри
-

Oсум тони марихуана недостигаат во фирма за одгледување медицински канабис во струмичко
-

Марихуана пронајдена кај две државјанки на Перу
-

135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол запленети на зелениот пазар во Чаир
-

Трамп изјави дека наскоро ќе биде организирана средба меѓу Путин и Зеленски
-

Шкотски музеи ги отстрануваат мумиите бидејќи „покојните не дале согласност“ да бидат изложени
-

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - продолжува најголемата еко-акција досега
-

САД потрошиле над 47 милијарди долари за војната против Иран
