Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повтори дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа.
-Ќе спроведеме тестови, да, другите земји го прават тоа. Ако го сторат тоа, и ние ќе го направиме истото, истакна Трамп, без да наведе повеќе детали.
Тој не одговори и за каков вид на нуклеарни проби станува збор.
Нема да кажам. Знам точно што правиме и каде го правиме тоа, но другите земји го прават тоа, па ако можат тие, можеме и ние, посочи Трамп.
Трамп претѕходно на TruthSocia изјави дека Соединетите Држави поседуваат повеќе нуклеарни оружја од која било друга земја во светот, тврдејќи дека тоа било постигнато во неговиот прв мандат со „целосно обновување и модернизација“ на арсеналот.
„Поради огромната деструктивна моќ, го мразев тоа, но немав избор!“, напиша Трамп, додавајќи дека Русија е втора по големина на нуклеарен арсенал, а Кина „далеку трета“, но дека би можела да се изедначи во рок од пет години.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ местеле тендери
-

Боледувањата ја осиромашиле германската економија за 200 милијарди евра
-

Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја
-

Подари моменти на радост, подари „Среќа плус“
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Чекања и до три часа на европските аеродроми поради новиот систем за влез и излез од ЕУ
-

Лишен од слобода скопјанец, пронајден кокаин
-

Трамп менува 30 амбасадори - меѓу нив и Агелер
