Трамп се закани со повлекување на поддршката за НАТО поради „нелојалноста“ на Европа

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека неговата земја „не е должна да го поддржува НАТО“, со што повторно ги подгреа сомнежите околу заложбата на Вашингтон за клаузулите за заемна одбрана на Алијансата.
Говорејќи на инвестициски форум во Мајами, Флорида, Трамп изрази разочарување што европските сојузници одбиле да дадат материјална поддршка на САД во војната со Иран, која трае речиси еден месец.
Иако САД не се консултираа со сојузниците за нападите врз Иран минатиот месец, Трамп смета дека нивното сегашно одбивање за помош ја менува природата на односите. - Секогаш ќе бевме тука за нив, но сега, со оглед на нивните постапки, претпоставувам дека тоа веќе не е потребно, нели? Зошто да бидеме со нив, ако тие не се со нас? - нагласи тој.
Американски медиуми коментираат дека овој коментар отвора нови прашања за подготвеноста на Трамп да се придржува до членот 5 од Северноатлантскиот договор, според кој нападот врз една членка се смета за напад врз сите.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски: Украина преговара со земјите од Блискиот Исток за набавка на дизел
-

Без вода делови од Стајковци и Сингелиќ
-

Локални врнежи од дожд, снег на планините и пад на температурите
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
