Трамп соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 отсто

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од Европската Унија на 25 отсто, тврдејќи дека европскиот блок не го испочитувал во целост трговскиот договор постигнат со САД.
„Со задоволство објавувам дека, со оглед на тоа што Европската Унија не го почитува нашиот целосно договорен трговски договор, следната недела ги зголемувам царините за автомобилите и камионите што доаѓаат во Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.
Тој наведе дека царината ќе биде зголемена на 25 отсто. Како што истакна, новите мерки нема да се однесуваат на возилата произведени во фабриките во САД.
„Јасно е договорено дека, ако произведуваат автомобили и камиони во фабрики во САД, нема да има царини“, додаде американскиот претседател.
Според претходниот договор, ЕУ се согласи да ги укине царините за американската индустриска стока во замена за ограничување од 15 отсто на повеќето европски производи. Меѓутоа, имплементацијата на договорот наиде на препреки, а европските законодавци сè уште не го ратификуваа договорот во целост. Како дополнителна точка на спорење се наведуваат и царините за метали, кои САД ги проширија на голем број производи, што предизвика обвинувања дека Вашингтон не ги почитува договорените обврски. Европската Унија поради тоа повеќепати ја одложуваше ратификацијата на договорот, додека двете страни во последно време искажаа подготвеност конечно да го спроведат во дело
МИА
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
