Трамп: Убиен е заменик-лидерот на Исламска држава во американско-нигериска операција

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека во заедничка операција на нигериските и американските сили „елиминиран“ е Абу Билал ал-Минуки, заменик-лидерот на Исламска држава во Африка, јавува ДПА.
Во објава на Truth Social, Трамп рече дека војниците го отстраниле Ал-Минуки, кого го опиша како „најактивниот терорист во светот“ на терен.
„Тој повеќе нема да ги тероризира луѓето од Африка, ниту да помага во планирањето операции насочени кон Американци“, напиша Трамп, силно сугерирајќи дека милитантниот лидер е убиен, иако не ја потврди експлицитно неговата смрт.
Трамп рече дека операцијата значително ги ослабела глобалните оперативни способности на Исламска држава, но не даде детали за тоа кога или каде се случила мисијата или дали имало дополнителни жртви.
Исто така, не беше јасно дали вмешаноста на САД била ограничена на воздушна поддршка или вклучувала војници на терен.
Трамп ѝ се заблагодари на нигериската Влада за нејзината соработка, сугерирајќи дека операцијата се случила во Нигерија.
Неколку милитантни групи дејствуваат во северна и североисточна Нигерија, вклучувајќи ја исламистичката група Боко Харам и подружниците на Исламска држава. Северна Нигерија се граничи и со Нигер, земја од Сахел каде што се активни групи поврзани со Исламска држава.
Американската влада претходно воведе санкции против лидерот на милитантите, користејќи го алтернативниот правопис Ал-Маинуки. Според американските власти, тој е роден во Нигерија во 1982 година.
Американските претставници велат дека Исламска држава од 2023 година е предводена од Абу Хафис ал-Хашими ал-Кураиши, петтиот лидер на групата откако таа во 2014 година прогласи „калифат“ низ делови од Ирак и Сирија.
МИА
Ново на Сител
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
