Трамп упати нова закана до Иран: Внимавајте што ќе се случи денеска

Американскиот претседател Доналд Трамп упати ново предупредување до Техеран рано утрово, имплицирајќи понатамошни воени дејствија во актуелниот конфликт, јави ДПА.
„Внимавајте што ќе се случува со овие пореметени ѓубриња денеска“, напиша тој на својата платформа Truth Social.
И покрај претходните коментари што сугерираа дека војната со Иран би можела да заврши наскоро затоа што „практично нема ништо што треба да се гаѓа“, Трамп сега ја нагласи американската воена издржливост: „Имаме неспоредлива огнева моќ, неограничена муниција и многу време“.
Тој повтори дека морнарицата и воздухопловните сили на Иран се уништени и дека неговите ракети, беспилотни летала и други капацитети се уништуваат.
Неговите забелешки дојдоа во време кога тензиите меѓу Вашингтон и Техеран остануваат високи по серијата напади и контранапади низ Блискиот Исток.
Трамп во вторникот веќе му се закани на Иран со тешко бомбардирање ако се обиде да го блокира Ормускиот теснец, една од најкритичните светски рути за извоз на нафта, наведувајќи дека воените последици ќе бидат „на ниво што никогаш претходни не е видено“.
МИА
Ново на Сител
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
-

Николоски: Градежништвото ја движи економијата
