Трамп вели дека САД може да извршат „уште една мала воена акција“ против Иран, потоа се справува со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон би можел да изврши уште еден воен напад врз Иран.
Неговата изјава е дадена во време кога конфликтот влегува во осмиот месец, а растечките цени на горивата влијаат врз исходот од среднорочните избори во САД, јавија американски медиуми.
„Можеме да почнеме уште една мала операција „Епски бес““, рече Трамп на митинг во Флорида, зборувајќи за војната.
Тој не даде дополнителни детали.
Операцијата „Епски бес“ е името што го користи американската војска за својата војна против Иран, која започна со напади врз Исламската Република на 28 февруари.
Порано во текот на денот, Трамп рече дека САД би можеле брзо да ја завршат војната, но изрази сомнежи дали Вашингтон треба да бара брзо завршување или да дозволи конфликтот постепено да се смирува.
Трамп, кој понуди променливи цели и временски рамки за војната, изјави претходно овој месец дека САД нема да започнат напад врз Иран пред среднорочните избори на кои ќе се одлучи кој ќе го контролира Конгресот.
Трамп го искористи предизборниот митинг во Флорида каде што кубанските Американци се значајна изборна единица, за да вети дека ќе се справи со Куба откако ќе се реши ситуацијата со Иран.
Трамп, кој освои 68 проценти од гласовите на кубанските Американци на изборите во Флорида, рече дека американските поморски сили, кои моментално се распоредени во врска со Иран, ќе застанат покрај Куба на пат кон дома.
„Еден од бродовите ќе застане на околу педесет метри од брегот. Тие ќе ги кренат рацете во знак на предавање, а потоа ќе го испратиме Марко Рубио да ја заврши работата“, рече тој.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа
-

Грчкиот парламент одобри забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години
-

Путин: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
-

Мајкрософт развива алатка со вештачка интелигенција што може да поставува дијагнози како лекар
-

Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели
-

„Свои на своето!“ - Ден на македонската револуционерна борба
-

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 во Будимпешта
-

Променливо облачно со повремен дожд
