Трамп во писмо до израелскиот претседател Херцог побара да го помилува премиерот Нетанјаху

Израелскиот претседател Исак Херцог доби писмо од американскиот претседател Доналд Трамп во кое го повикува да ја разгледа идејата за помилување на премиерот Бенјамин Нетанјаху, објави денеска неговиот кабинет.
Против Нетанјаху веќе неколку години се водат три одделни судски предмети поради наводна корупција, а Трамп постојано бара негово помилување.
„Иако апсолутно ја почитувам независноста на израелскиот судски систем и неговите барања, верувам дека овој „случај“ против Биби, која долго време се бори заедно со мене – меѓу другото, против многу силниот непријател на Израел, Иран – е политички, неоправдан прогон“, напиша Трамп во писмо до израелскиот претседател.
Канцеларијата на Херцог соопшти дека секој што бара претседателско помилување мора формално да го побара тоа, во согласност со постојните процедури, пренесуваат британските медиуми.
Трамп, исто така, прошка за Нетанјаху побара и за време на неговата посета на Израел во октомври, во говор пред израелскиот Парламент( Кнесетот) .
Лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид, одговори на повикот на Трамп со „потсетување“ дека израелскиот закон предвидува дека првиот услов за помилување е „признание на вина и изразување каење“.
Претходно годинава, Лапид, „со должно почитување кон Трамп“, нагласи дека „никој не треба да се меша во правниот процес на независна држава“ и ја нарече иницијативата на американскиот претседател „компензација“ за Нетанјаху за притисокот врз него да ја запре војната во Газа.
„Тоа е типичен Трамп“, рече Лапид во таа прилика.
МИА
Ново на Сител
-

Студентите во блокада за крајот на мај најавуваат голем митинг во Белград
-

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат
-

Српски Завод за статистика: Во изминатите 10 години во државата имигрирале над 167 илјади луѓе, најмногу од Русија
-

Мицкоски: Ќе продолжиме со стабилни политики и заштита на стандардот на граѓаните
-

Американските разузнавачки агенции проучуваат како би реагирал Иран доколку Трамп прогласи победа во војната
-

Саркози повикан да сведочи во Апелациониот суд
-

Ужас во Гостивар: 14-годишно дете ја силувало неговата 13-годишна сестра
-

Променливо време со дожд и пад на температурите до викендот
