Трамп задоволен од средбата со Кинезите во Мадрид: Важниот состанок мина многу добро
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска, по трговскиот состанок меѓу САД и Кина во Мадрид, на неговата социјална мрежа Truth Social напиша дека разговорите поминале добро и дека се блиску до договор.
„Големиот трговски состанок во Европа меѓу САД и Кина помина МНОГУ ДОБРО! Наскоро ќе биде заклучен. Постигнат е договор и за „одредена“ компанија што младите луѓе во нашата земја навистина сакаат да ја спасат. Тие ќе бидат многу среќни! Ќе разговарам со претседателот Си во петок. Врската останува многу силна!!!“, напиша Трамп на Truth Social, очигледно мислејќи на апликацијата ТикТок.
Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, денеска изјави дека во трговските преговори со Кинезите во Мадрид е постигната рамка за договор за оваа апликација, што ќе го отвори патот за нејзино пренесување во американска сопственост.
Бесент додаде дека дополнителни детали ќе бидат утврдени в петок, на состанокот меѓу Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг
МИА
Ново на Сител
-
Русија го тестира Западот, притисокот мора да се зголеми, вели германскиот министер за надворешни работи
-
Протест на „Стоп за Вардариште“ со блокада на мостот „Близнаци“ во Скопје
-
Тошковски ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје
-
Истражна постапка против две лица осомничени за тепачка со смртни последици
-
Вучиќ пристигна во Осака на неколкудневна посета на Јапонија
-
Трамп го предупреди Израел да биде внимателен по нападот во Катар
-
Сончево со мала облачност и ветер
-
Поведена постапка против едно лице за сообраќајна несреќа во Марино