Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени

Една жена загина, а неколку други лица се повредени денеска во Сараево кога градски трамвај излета од шините на еден од најпрометните улици во близина на Националниот музеј на Босна и Херцеговина и Амбасадата на САД.
„Едно лице загина. Според моменталните податоци, две лица се повредени. Обвинителот е информиран, а полицајците се на терен“, соопшти Министерство за внатрешни работи.
Според достапните информации, трамвајот излетал од шините околу пладне и притоа ја пробил заштитната ограда и се лизнал десет метри на патот. Целиот преден дел од трамвајот бил уништен.
Во несреќата жената била згмечена од трамвајот кога излетал од шините. За да стигнат до нејзиното тело, пожарникарите морале да ја пресечат оштетената структура на возилото.
Станува збор за еден од старите трамваи од чешко производство, кои се помалку се користат, бидејќи минатата година почнале да ги заменуваат со нови возила произведени од швајцарската компанија Штадлер.
МИА
Ново на Сител
-

72-годишна жена паднала од автобус, па била прегазена
-

Три возила опожарени во гаража во скопско Батинци
-

4-годишно девојче и 38-годишен маж починаа по операција на крајници во болница во Чачак
-

Алиу: Според експертите, ќе треба максимум два месеца за извештај за кардиохируршките интервенции
-

ССМ ја реализираше втората етапа од блокадите
-

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага по допрен глас за користење службено возило за приватни цели од страна на Трендафилов
-

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на договори
-

Николоски-Варнс: САД се долгогодишен стратешки партнер и силен подржувач на Македонија
