Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени

Една жена загина, а неколку други лица се повредени денеска во Сараево кога градски трамвај излета од шините на еден од најпрометните улици во близина на Националниот музеј на Босна и Херцеговина и Амбасадата на САД.
„Едно лице загина. Според моменталните податоци, две лица се повредени. Обвинителот е информиран, а полицајците се на терен“, соопшти Министерство за внатрешни работи.
Според достапните информации, трамвајот излетал од шините околу пладне и притоа ја пробил заштитната ограда и се лизнал десет метри на патот. Целиот преден дел од трамвајот бил уништен.
Во несреќата жената била згмечена од трамвајот кога излетал од шините. За да стигнат до нејзиното тело, пожарникарите морале да ја пресечат оштетената структура на возилото.
Станува збор за еден од старите трамваи од чешко производство, кои се помалку се користат, бидејќи минатата година почнале да ги заменуваат со нови возила произведени од швајцарската компанија Штадлер.
МИА
Ново на Сител
-

Алиу најави четири начини на плаќање паркинг на Клинички, за онколошки пациенти ќе продолжи да биде бесплатен
-

Одбраната на Васев ги оспорува вештачењето и лиценцата на вештакот од Словенија
-

Почнаа вонредните контроли на фирмите што произведуваат медицински канабис, ќе се проверуваат 43 лиценци
-

Претседателот на РКЕ, Бислимоски поднесе оставка
-

Мицкоски: 63-64 македонски производи ќе се извезуваат во САД по тарифи од 0 до 6,5 проценти
-

Мицкоски: Протестите на ССМ имаат политичка заднина, Трендафилов е прокси на опозицијата
-

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице
-

Нетанјаху: Израел се приклучува на Одборот за мир на Трамп
