„Тредс“ надмина 300 милиони корисници

Апликацијата „Тредс“ (Threads) на „Мета“ ја надмина бројката од 300 милиони корисници, а повеќе од 100 милиони луѓе ја користат оваа социјална мрежа секој ден.
Оваа информација ја потврди првиот човек на компанијата, Марк Цукерберг во својата објава. Тој напиша и дека „моментумот на ‘Тредс’ продолжува“.
Цукерберг, инаку, во неколку наврати истакна дека „Тредс“ има добри изгледи да стане следната апликација на „Мета“ со милијарди корисници. Иако во мигов е далеку од таа цел, растот, се чини, забрзува. Апликацијата минатата есен достигна 100 милиони корисници, а овој ноември достигна 275 милиони. И „Епл“ (Apple) потврди дека „Тредс“ е втората најсимнувана апликација во 2024 година, веднаш по кинеската апликација за интернет-трговија, „Тему“ (Temu).
За следниве недели, за „Тредс“ најавени се и поголеми промени, бидејќи „Мета“, секако, има и заработки од споменатиот раст. Имено, планот е да се проба со првите реклами на почетокот на 2025 година.
„Тредс“ не е единствената апликација којашто се обидува да стане главно „собиралиште“ додека некои корисници ја напуштаат платформата „X“, (поранешен „Твитер“). Во таа трка е и „Блускај“ (Bluesky), што, исто така, забележа раст, иако сè уште многу помал од „Тредс“. Но, „Мета“, се чини дека е инспирирана од некои од својтва на „Блускај“, како што се почетните пакети и посебните прилагодени новости.
Ново на Сител
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
-

Тема на денот со Петар Керамитчиев, Граѓанска иницијатива за чист воздух во Скопје
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
