Loading Video...
Кошарка
1. April 2022 - 13:52

Трет пораз во низа на Реал Мадрид

На програмата се дуелите од 33.коло во кое големо изненадување приреди Панатинаикос кој ја продлабочи кризата на Реал Мадрид. Грчкиот тим славеше победа со 87-86, нанесувајќи им го на „кралевите“  третиот пораз во низа,а седми на последните девет натпревари. 
 
Предноста на домашниот терен ја искористи и Макаби кој во Тел Авив го совлада Лион Вилербан со 94-73, додека победа на гостински терен славеше Монако и тоа против Армани во Милано со 72-63.
 
Денеска на програмата се преостанатите четири средби, а двојките се 
АНАДОЛУ ЕФЕС – АЛБА БЕРЛИН 19:30 ч.
ОЛИМПИЈАКОС – БАРСЕЛОНА 20:00 ч.
БАСКОНИЈА – ЖАЛГИРИС 20:30 ч.
БАЕРН МИНХЕН – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА 20:30 ч.
 
До крајот на регуларниот дел од сезоната останува уште едно коло кое ќе се на 8 април, а во меѓувреме треба да бидат одиграни уште пет средби кои беа во меѓувреме одложени поради Ковид-19 пандемијата. 
 
Место во плејофот ќе обезбедат осумте најдобро рангирани екипи од регуларниот дел.