Третманот со ефикасна терапија го зголеми бројот на преживеани на Oнкологија
Загрувачки расте бројот на болни од рак, но се зголемува и периодот на преживување. Во анализата на Клиниката за онкологија за канцер на дојка, бели дробови и меланом секоја година има се поголем број на нови случаи, но и се повеќе пациенти добиваат соодветен третман. Само со овие 3 канцери на терапија во моментот се 10.000 пациенти, од кои 7000 со рак на дојка.
- Кумулирањето на бројот на пациенти се должи, меѓу другото, и на иновативна терапија која е ефикасна за овие заболувања, како и поради алоцирање повеќе финансиски средства за третирање на овие пациенти, проф. д-р Игор Стојковски, директор на Клиниката за онкологија.
За третман на тешко болните со современа терапија клиниката секоја година добива повеќе пари од Фондот за здравство.
- До 2017 околу 10 милиони евра годишно било финансирањето за Клиниката за радиотерапија и онкологија, растот во буџетирањето почнува во 2019, а во последните неколку години, рече Клековски, значајно се зголемува. За 2026 година буџетот на Клиниката е околу 57 милиони евра, што е зголемување од 14 отсто во однос на минатата година, изјави Сашо Клековски, директор на ФЗО
Од здружението на онколошки пациенти ХЕМА – ОНКО велат дека периодов сите пациенти се покриени со терапија. Се случувало да снема некои лекови, но за кратко време се обезбедувале со анекси, бидејќи никој неможе да предвиди на почетокот на годината колку новодијагностицирани ќе има. Задоволни се што доста висок процент на пациенти добиваат имуно и биолошка терапија која го продолжува животот на пациентите.
За прв пат во јавното здравство на Онкологија е воведена нова метода за прецизно зрачење на метастази на мозокот, за што досега пациентите беа упатувани во странство. На Клиникта функционираат и 3 акцелератори, од кои едниот по повеќегодишно стоење во магацин лани беше ставен во функција.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
