Трговците, производителите и дистрибутерите попладнево на средба кај Дурмиши за цените на храната
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска попладне ќе има средба со трговците, производителите и дистрибутерите на која ќе стане збор за цените на прехранбените производи. Како што информира, ова ќе биде крајна опомена и предупредување до нив да се однесуваат соодветно. Во спротивно, најави, Владата ќе воведе ригорозни мерки.
Дурмиши не прецизираше за какви мерки конкретно станува збор.
-Нашето барање е да дејствуваат соодветно, согласно економските трошоци што ги имаат, да не ги зголемуваат цените. Ова ќе биде крајна опомена, препорака и предупредување до нив. Во спротивно, ќе преземеме мерки кои ќе бидат ригорозни. Ако се однесуваат како претходните три месеци, ќе не доведат во ситуација да донесеме одлука што ќе биде многу построга. Нормално, ќе им излеземе во пресрет на граѓаните. Со тоа што ги викаме на средба, значи дека се подготвуваме за преземање мерки, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која ја промовираше училишната кошничка.
Според него, инфлацијата „од трпезата премина на резервоарите“.
-Во мај, по завршувањето на мерката, имавме инфлација во делот на храна и пијалаци од 1,1, а во јуни 0,8, сега е 0,3. Значи, цените се стабилизираат. Но, денеска повторно, иако цените се стабилизираат, ќе имам состанок со сите трговци, производители и дистрибутери. Очекувам најголемите дистрибутери и трговци да дојдат. Врз основа на Законот, имаме можност
Ново на Сител
-
Кремљ: Путин прифати средба со Трамп
-
Казнети 46 возачи на електрични тротинети
-
Уапсени двајца возачи, возеле со по 1,93 и 1,59 промили алкохол во крвта и предизвикале сообраќајни незгоди
-
Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба
-
Билки штетни за во спалната соба
-
Зидан ќе ја предводи Франција по СП 2026
-
Четвртфинале за младиот македонски тенисер Алексовски
-
Македонија домаќин на Светско училишно првенство во ракомет 2026