Три бесплатни концерти за четири дена во Скопје, финалето со Дејвид Гета за 35 години независност

Скопјани и гостите на главниот град во првите денови од септември ги очекува серија од три бесплатни музички настани, во рамки на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија.
Музичкиот маратон започнува на 1 септември на плоштадот „Македонија“, каде што главна ѕвезда ќе биде светски познатиот шпански тенор Хосе Карерас. На истата сцена ќе настапат и голем број познати македонски музичари – Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Игор и Ана Дурловски, а концертот ќе биде придружуван од Оркестарот на Филхармонијата.

Ден подоцна, на 2 септември, музичката програма продолжува на платото пред „Т Арена“ со концертот „Најдоброто од Македонија“. На една сцена ќе се сретнат различни генерации и музички стилови – Слаткаристика, „Суперхикс“, „2 Бона“, „Фанк Шуи“ и Дина Јашари. Влезот и за овој концерт е бесплатен.

Третиот голем настан е закажан за 4 септември, повторно на плоштадот „Македонија“, каде што ќе заврши музичко-сценскиот караван „Силно светнал ден“. Завршниот перформанс ќе обедини повеќе од 120 уметници, а проектот низ музика, глума и танц ја раскажува приказната за 35-те години независност.

Караванот „Силно светнал ден“ започна во август во Охрид и беше замислен како патувачки мултимедијален спектакл што ги поврзува различните генерации и моменти од македонската историја, култура и уметност.
Така, во само четири дена Скопје ќе биде домаќин на три бесплатни концерти со различен музички концепт – од оперската сцена и македонските музички легенди, преку современиот урбан звук, до голем сценски спектакл со повеќе од 120 уметници. Финалето на прославата е на 8 Септември – Денот на независноста, кога на Националната арена „Тодор Проески“ е најавен настапот на францускиот диџеј и продуцент Дејвид Гета. Картите за овој настан по симболична цена од 35 денари беа распродадени речеи веднаш по пуштањето во оптек.

Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
