Три години од исчезнувањето на Марија Брзакова
Три години трае потрагата по исчезнатата Марија Брзакова (28) од селото Босилово, а од неа нема ниту трага, ниту глас. Таа исчезна на 18 јануари 2020 година во утринските часови.
Истрагата за нејзиното исчезнување ја води Основното јавно обвинителство во Струмица, кое има отворена истражна постапка, но нема нови детали, а истата нема да биде затворена додека таа не се пронајде.
Досега се разгледани снимки од камери во селото Босилово и неколку патни правци околу селото. Потврдено е дека Брзакова не ја напуштила државата, бидејќи не е регистрирана на ниту еден официјален граничен премин дека излегла. Земени се изјави од најблиските, а проверени се и нивните телефони, но и од таму нема информации за нејзиното исчезнување.
Таа е на листата на исчезнати лица на МВР, а интензивно се бараше и со апели на социјалните мрежи. На повеќе локации во Струмица имаше флаери со нејзини фотографии и контакт броеви на коишто може да се обратат граѓаните.
Пред три години, неколку денови по исчезнувањето, стотина ловци и граѓани, во координација со полицијата, ја бараа Брзакова по течението на реките Турија и Струмица, канали, по полето, дури и по браните на Дрвош и Иловица и Моноспитовското блато.
Според информациите од блиските, на денот на исчезнувањето, Брзакова била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса, а исчезнувањето во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг.
Ново на Сител
-

МВР: Вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода
-

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати
-

МВР: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило
-

Монументална статуа на Меси тешка 70 тони
-

Фон дер Лајен по објавата на оставката на Кир: Благодарение на вас, безбедноста во Европа и Украина се зголеми
-

Кремљ: Оставката на Стармер веројатно нема да го промени непријателскиот став на Велика Британија кон Русија
-

Цената на бензините се намалува 3,5 и 4 денари, на дизелот за 7 денари
-

Топло и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер
