Свет
7. October 2026 - 16:37

Три години по нападот на Хамас врз Израел, како се смени безбедноста на еврејските заедници?

Денеска е 7 октомври – три години од нападот на Хамас врз Израел во кој беа убиени околу 1.200 луѓе. Но последиците од војната одамна не се чувствуваат само на Блискиот Исток. Убиства, физички напади, закани со бомби и говор на омраза – војната продолжи и на друг начин, илјадници километри подалеку.

Пред една година, токму тука во Вашингтон, двајца млади вработени во израелската амбасада беа застрелани додека излегувале од настан во Еврејскиот музеј. Напаѓачот испукал околу 20 куршуми, а потоа извикал „Слобода за Палестина“. Денес се гони и за злосторство од омраза со смртни последици.

Но ова е само еден од многуте инциденти. Во последните три години бројот на антисемитски напади и инциденти во САД достигнува рекордни нивоа. Само минатата година биле регистрирани процентуално во просек по 17 секој ден.

Американската влада одговара со милионски средства за обезбедување на синагоги и еврејски институции, програми за едукација и дополнителна заштита на еврејската заедница, над 700 милиони долари годишно. Но нападите продолжуваат и на социјалните мрежи. И тука се поставува прашањето: кога еден коментар престанува да биде само збор и прераснува во вистинска безбедносна закана?

Додека на Блискиот Исток едни се соочуваат со ракети и војна, илјадници километри подалеку други кои што немаат никаква врска со боиштата се соочуваат со други безбедносни закани  – па затоа синагогите се почесто стануваат мета на ваквите напади освен тука во САД синагогите беа нападнати и палени на секаде низ Европа. Франција, Германија, а ниту Македонија не беше исклучок од вакви напади кога во април годинава две лица се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје. Со какви закани се соочува синагогата тука во Вашингтон.

Во изминатите години синагоги беа палени и напаѓани во  Во април годинава две лица со запалива течност го полеаја и запалија влезот на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје. Со какви предизвици се соочуваат синагогите во Америка?

Три години подоцна светот сеуште ја плаќа цената од војната на Влискиот Исток, можеби тука е најтешката граница која што треба да се повлече: правото да се критикува една држава и нејзината политика да не стане изговор за омраза кон еден народ.