Македонија
3. April 2026 - 16:31

Три нови услуги за високо образование воведени на порталот Е-услуги

Долгите редици од  студенти на факултетите за да се достават образци и документи целосно се заменуваат со електронски пријави. Од први април достапни се три нови услуги на националниот портал uslugi.gov.mk. кои го комплетираат пакетот за високо образование. Станува збор за електронски образци наменети за студентите кои дипломирале на додипломски студии, како и за лицата кои се стекнале со називот магистер, специјалист или доктор на науки.

Новите достапни услуги ќе овозможат и директно комплетирање на податоците за студентите во базата на државна статистика.

На националниот портал за услуги во моментот достапни се повеќе од 10 илјади електорнски услуги за граѓани, што според ресорниот министер, значи зголемување за 10 пати од стартот на дигитализацијата.

Министерството за дигитална трансформација најавува нови 10 до 15 услуги кои ќе ги опфатат државниот инспекторат за земјоделие, министерството за енергетика, а се развиваат услуги поврзани и со мој термин и ФЗО.