Македонија
13. October 2026 - 9:08

Трибина посветена на декларацијата за безбедност при работа на здравствените работници

Сојузот на медицински сестри, медицински техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија, предводен од ЗМСТАС „ЗА НАС“ на Македонија организира завршна едукативна трибина посветена на Декларацијата за безбедност при работа на здравствените работници.

- Трибината претставува продолжение на активностите започнати по петтиот Меѓународен конгрес на медицинските сестри и првиот Национален самит на меѓународните и европските сестрински федерации, здруженија и организации, одржани од 2 до 4 октомври 2026 година во Струга, каде што Декларацијата беше презентирана пред претставници на меѓународната сестринска заедница и доби значајно внимание и поддршка, велат од ЗМСТАС „За нас“.

Целта на настанот, како што посочуваат, е да се отворат прашањата за конкретните механизми за заштита на здравствените работници, унапредувањето на условите за работа и можностите за институционално и професионално спроведување на предложените мерки.

На трибината најавено е присуство на претставници од релевантни институции и организации, меѓу кои претставник од Агенцијата за акредитација на здравствени установи, претставник на синдикатот, како и д-р Анѓелка Јанкуловска, официјален бренд амбасадор за образование на ЗМСТАС „ЗА НАС“ на Македонија.

 

МИА