Македонија
18. December 2023 - 21:24

Трибина „Врсничко насилство, детска кавга или силеџиство“

За да се реши проблемот со врсничкото насилство неопходна е будност на целото општество и  протоколи по кои ќе се постапува во училиштата, порачаа експертите кои учествуваа на трибината посветена на оваа тема што се одржа во Струмица. Доктор Биљана Аризанкоска Ефтимова, специјалист психијатар, вели треба јасно да се стави до знаење дека за врсничкото насилство има нулта толеранција. Според неа освен за жртвите поддршка е потребна и за децата кои манифестираат одреден вид на насилство.

Според доктор Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар, главниот аспект за кој е потребно да се говори во нашата држава се оние проблеми кои настануваат и произлегуваат од самото општество. За него еден од главните извори на врсничкото насилство е во семејството, кое во денешно време станува  доста нарушена средина од која  произлегуваат многу проблеми.

И викарниот епископ Стобиски Јаков, смета дека во решавањето на овој проблем многу е важно сите да се само повикаме на одговорност.

Трибината „Врсничко насилство, детска кавга или силеџиство“ предизвик или одговорност беше дел од серијалот трибини што ги организира Фондацијата Елеуса при Струмичката епархија на МПЦ-ОА.