Трипуновски: Рекордна цена на најзастапените сорти на грозје
Денеска сум овде во посета на млад земјоделец со кој што разговаравме во делот на лозаропроизводството. Радува фактот кога млади луѓе се одлучуваат да се занимаваат со земјоделство, истакнал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при посетата на Кавадарци.
Вели дека има рекордната цена во делот на откупот на двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец и Смедеревка.
-Вранецот ќе изнесува 21,3 денари по килограм, Смедеревката ќе изнесува 18,9 денари по килограм, посочил министерот.
Како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Трипуновски додал и дека е постигнат рекорд во делот на лозаропроизводството.
-Како Влада покажуваме дека сме различни во пристапот, го вреднуваме и цениме трудот на македонскиот земјоделец. Во наредните години ќе биде уште подобро, појаснил тој.
Министерот Трипуновски истакнал дека оваа година се очекува зголемен принос на винското грозје, некаде над 100 милиони килограми.
Тој потсетил дека минатата година беше намален приносот на грозјето поради лошото менаџирање со водата.
-Во делот на Водостопанството даваме максимални напори да ја покриеме целата површина, со одредени помали застои кои што се јавија поради технички проблеми. Успешно го менаџираме процесот наводнување и поради тоа очекуваме зголемен принос оваа година, заклучи министерот.
Ново на Сител
-
Утре умерено облачно, в среда и четврток наместа со дожд и грмежи
-
Герасимовски: Воведуваме бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение од следната година
-
Нетанјаху: Договор за делумно примирје и ослободување на заложниците не е на маса
-
При судар на два трактори повредени пет лица, меѓу кои две малолетни
-
Дизелот поскапува за половина денар
-
Чаир ќе биде симбол на кyлтурната ренесанса на Скопје, вели Османи
-
Авионот со Фон дер Лајен кој летал за Бугарија останал без ГПС, осомничени се Русите
-
26-годишна девојка нападната и ограбена од својот поранешен партнер во Карпош