Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта

Три лица загинаа синоќа во руските напади врз индустриски објекти во источна и централна Украина, а на северот од земјата, повеќе од илјада луѓе останаа без електрична енергија, соопштија денеска локални функционери.
Истовремено, руската армија нападна индустриски постројки во градовите Дњепар, Криви Рог и Павлоград, во источниот Дњепропетровски регион, изјави регионалниот гувернер Олександр Ганжа на Телеграм, пренесен од британските медиуми.
Во Дњепар, според Ханжа, загинаа три лица, а 10 се повредени, додека деловните згради и магацините се тешко оштетени.
Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија во ноќните напади употребила противбродски ракети „Оникс“ и балистички ракети, како и четири крстосувачки ракети и 212 дронови.
Уништени се деловни згради во Павлоград и Криви Рог, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече Ганжа.
Во одделен напад врз енергетски објект во северниот регион Чернихив, околу 100.000 луѓе останаа без електрична енергија, соопшти регионалната компанија за дистрибуција на електрична енергија.
Москва, исто така, започна „масовен“ напад врз централниот дел од Полтавскиот регион, каде што беа нападнати индустриски објект и критичен инфраструктурен објект, рече градоначалникот Виталиј Ѓакивнич.
МИА
Ново на Сител
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
-

Марко Блажевски европски шампион - До титулата со доминантен настап во Италија
-

Клековски: Системот за рано предупредување за дроги ќе овозможи побрза заштита на здравјето на граѓаните
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
