Тројца загинати, две исчезнати и седуммина повредени во пожар во фабрика во грчкиот град Трикала

Безживотните тела на три жени биле извлечени по гаснењето на пожарот што околу 4 часот утрово избувна во фабриката за производство на бисквити „Виоланда“ во грчкиот град Трикала, додека пак исчезнати се уште две вработени, а повредени се седум лица.
Според локалните медиуми, пожарот избувнал за време на ноќната смена со 13 вработени во погонот за производство и печење бисквити, при што имало и експлозии, а причините засега се непознати.
Експлозиите, според истите информации биле толку силни што се слушнале и во околните села и во центарот на Трикала што е на околу шест километри од фабриката.
Противпожарната служба интервенираше со 40 пожарникари со 13 возила, а помагаа и цистерни од општината.
Министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис говорејќи за телевизијата „Скај“ рече дека во болницата во Трикала се пренесени шестмина вработени и еден пожарникар, сите се во добра состојба, генерално со проблеми со дишењето.
МИА
Ново на Сител
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
-

Секое петто боледување во МВР е неуредно или неправилно
-

Од септември регионални лиги во ракомет со македонски, српски и црногорски екипи
-

Дом за кучиња на кратко, надеж за цел живот: „Лајка“ воведува привремено згрижувањена кучиња
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани - нафтата падна на 96 долари
