Тројца загинати во украински напади со дронови во Белгородската област, гранатиран и автобус

Во украински напади извршени вчера со беспилотни летала врз пограничната Белгородска област на Русија бил погоден автобус, при што се убиени најмалку три, а се повредени 19 лица, соопшти руското Министерство за одбрана.
Автобусот бил погоден при гранатирање во градот Шебекино, во близина на границата со Украина. Осумнаесет од 19-те повредени патници биле пренесени во болница.
Истовремено во напад со дрон врз трговски објект во село во близина на границата загинале две лица. Уште едно лице го загубило животот во напад во близина на Белгород.
Москва ја обвинува Украина за систематски напади врз автобуси во повеќе руски области.
Според портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, последните напади покажуваат дека Украина го таргетира рускиот јавен превоз со „манијакална доследност“, одмаздувајќи им се на собичните луѓе поради, како што наведе, се поголемите неуспеси на фронтот.
Во меѓувреме, руските власти во Доњецката област соопштија дека вчера пет лица биле повредени при, како што наведоа, „напад со дрон врз автобус“.
Русија ја обвини Украина и за нападот минатиот месец врз автобус со белоруски деца кои патувале на летен камп. Тогаш загина една жена, а шест деца беа повредени.
Ново на Сител
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
