Тур де Франс 2027 ќе стартува од Велика Британија
Реномираната велосипедска трка Тур де Франс ќе стартува во Единбург во 2027 година со три почетни етапи во Шкотска, Англија и Велс пред велосипедистите да се упатат кон Франција.
Ова ќе биде трет пат Тур де Франс да стартува од Велика Британија, по Лондон во 2007 година и Јоркшир во 2014 година, а последната етапа на британско територија беше дочекана со огромен ентузијазам, привлекувајќи повеќе од три милиони луѓе кои се собраа на рутата.
Детали за градовите во кои ќе се одржуваат етапите сè уште не се откриени, но се знае дека по Единбург, трката ќе продолжи кон Англија, додека третата етапа ќе го посети Велс, прв пат во историјата на Тур де Франс.
По ден одмор, велосипедистите ќе се префрлат во Франција, најверојатно, со авион.
Единбург ќе биде петти старт на Тур де Франс, надвор од границите на Франција во последните шест години, по Копенхаген (2022), Билбао (2023), Фиренца (2024) и Барселона следната година.
Ново на Сител
-
Кикбоксерите со две бронзи од Европското првенство во Италија
-
Пожар во Козле, изгореа куќа и помошна просторија
-
Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз не е закажана, ЈСП има нафта доволна за денеска
-
Активни три, под контрола четири пожари
-
Американската влада ја прогласи Антифа за „домашна терористичка организација“
-
Премиерот Мицкоски во посета на Штип
-
Франција лидер по број на освојувачи на „Златната топка“
-
Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН