Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт

Турција, Саудиска Арабија и Пакистан ќе создадат посебни политички и воени механизми во рамките на договорот за заедничка одбрана што трите земји го потпишаа минатата недела, соопши турското Министерство за одбрана.
Од Министерството соопштија дека новоформираните механизми ќе ги опфатат министрите за одбрана, министрите за надворешни работи и воените раководства на трите држави. Договорот исто така предвидува спроведување заеднички воени вежби, како и продлабочување на соработката во одбранбената индустрија преку заедничко производство и размена на технологии.
Информациите денеска на редовен неделен брифинг ги соопшти портпаролот на турското Министерство за одбрана, контраадмирал Зеки Актурк, пренесе турската телевизија „ТРТ Хабер“.
Трите сунитски муслимански земји, кои се клучни сојузници на САД, на 7 август во Мека потпишаа договор за заедничка одбрана во услови на зголемена загриженост од ескалација на регионалниот конфликт и иранските ракетни напади врз извозниците на нафта од Персискиот Залив.
Според деталите од пактот, вооружен напад врз која било од земјите членки ќе се смета за напад врз сите нив, што е поставено на сличен принцип како клаузулата за колективна одбрана од Членот 5 на Северноатлантскиот договор (НАТО).
МИА
Ново на Сител
-

Фудбалската асоцијација на Ирска ја повлече својата поддршка за реизборот на Инфантино
-

Турист од Грузија се удавил во Охридското Езеро
-

Скопјанец пронајден мртов во својот дом, полицијата ги утврдува околностите
-

Три зрна од огнено оружје пронајдени на две локации во Куманово
-

Водостојот на Охридското Езеро 11 сантиметри над просекот за август, температурата на водата 26 степени
-

ПСЖ ќе го продолжи договорот со Енрике до 2030 година
-

Лукаку: Чест и привилегија е да се настапува за Фенербахче
-

Воената помош за Украина во јуни достигна 7,2 милијарди евра
