Македонија
2. May 2020 - 14:52

Туристичките работници се надеваат дека домашните гости ќе ја спасат сезоната

Спасот во туризмот ова лето ќе се бара кај  домашните туристи. Поради ограниченото движење и затворените граници добрите познавачи предлагаат привлекување на домашните туристи со примамливи пакет аранжмани ,наместо во странство својот одмор да го поминат на некоја од нашите туристички дестинации со оглед на тоа дека токму тие лани оствариле над  50 отсто од вкупниот број ноќевања.

Покрај домашните, се остава простор и  и за странските туристи бидејќи некои од аранжманите не се откажани туку одложени. Туристичките работници се надеваат и на когресниот туризам со кој може да се продолжи сезоната.

Поради неизвесноста од траењето на пандемијата пак од министерството за транспорт апелираат до граѓаните да не резервираат авионски карти, со цел да не се изложуваат на дополнителни финансиски трошоци, бидејќи авионскиот сообраќај се уште е затворен.