Туристите потешки од 100 килограми веќе нема да смее да јаваат магариња на Санторини

Туристите на грчкиот остров Санторини со години јаваат магариња од старото пристаниште до градот Фира, кој се наоѓа на врвот на карпата. Сепак, поради екстремно стрмната рута со камени скали, големиот метеж и зголемените предупредувања од организациите за заштита на животните, локалните власти воведоа построги правила. Сега секој што сака да јава магаре не смее да тежи повеќе од 100 килограми, објави порталот „Олвејс петс“ (Always Pets).
Животното не смее да носи товар поголем од 20 отсто од својата телесна тежина. Ваквата одлука е донесена поради исцрпеност и чести повреди. Најчестите и најтешки повреди се случувале за време на туристичката сезона. Животното се соочувало со повреди на ’рбетот, рани од седлото и прекумерен напор.
Искачувањето од пристаништето до Фира е долго приближно 400 метри, со 500-600 скали, во зависност од рутата, а магарињата често се принудени да направат повеќе тури дневно. Оттаму, освен правилото за тежината на јавачите, на магарињата мора да им се обезбеди вода за пиење, како и паузи за одмор. Со тоа би се заштитиле од дехидратација, исцрпеност и долгорочни проблеми со зглобовите. Со одлуката е планиран и засилен надзор, водење евиденција, за полесно да се следи здравствената состојба, како и условите за работа.
Генерации наназад магарињата имале значајна улога за жителите на Санторини. Пред изградбата на патиштата и жичницата им служеле за транспорт на градежен материјал, продукти и луѓе.
Санторини годишно е посетен од неколку милиони луѓе, а голем број од нив доаѓаат со крузери. До врвот на островот потоа се оди пеш, со жичница или магаре. И ден-денес се туристичка атракција на островот. Во последните две децении бројот на туристи интензивно расте. Особено пред пандемијата кога островот го посетиле повеќе од два милиона луѓе, вклучително и стотици илјади патници со крузери. Тоа дополнително го отежнало одењето до градот по што се вовело ограничување за дневниот број бродови.
Ваквата одлука се покажала добра за благосостојбата на животните и на тамошните жители.
Ново на Сител
-

Петиција да се забранат социјалните мрежи за деца под 12 години во Македонија
-

Европските аеродроми бараат флексибилност во функционирањето на системот за влез/излез
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
