ОН: Туризмот во светот се врати на нивото од пред пандемијата со Ковид-19

Во текот на минатата година во странство патувале околу 1,4 милијарда туристи, што е на исто ниво како и пред пандемијата на Ковид-19, проценува агенцијата на Обединетите нации за туризам (UN Tourism – UNWTO), која се залага за одговорен, одржлив и достапен туризам.
Според UNWTO, чие седиште е во Мадрид, бројот на меѓународни туристички патувања во 2024 година ја надмина 2023 година за 11 отсто (1,3 милијарда) и се искачи на нивото од претходната рекордна 2019 година, последна пред пандемијата на Ковид-19.
„Глобалниот туризам го заврши своето закрепнување од пандемијата во 2024 година“, се наведува во изјавата на генералниот секретар за туризам на ОН, Зураб Пололикашвили, наведувајќи ги бројките повисоки од 2019 година во многу региони.
Во Европа, водечката светска туристичка дестинација, забележани се 747 милиони меѓународни пристигнувања, но пред се благодарение на силната побарувачка на тој континент. Тоа е пет отсто повеќе отколку во 2023 година и еден отсто повеќе од 2019 година, соопшти UNWTO.
Бројот на меѓународни патници лани значително се зголеми и во Северна Африка (за 22 проценти во споредба со нивоата пред пандемијата), на Блискиот Исток (за 22 проценти) и Централна Америка (за 17 проценти).
Според податоците на UNWTO, азиско-пацифичкиот регион имаше најголем раст на посетите во 2024 година – 33 отсто повеќе туристи отколку во 2023 година, благодарение на целосното укинување на здравствените ограничувања во Кина. Но, во тој регион бројот на туристи сепак бил помал од 2019 година, покажуваат анализите на UNWTO.
Се очекува растот на патувања да продолжи и оваа 2025 година, за три до пет проценти, рече Пололикашвили и дека Азија ќе го предводи тој тренд.
Меѓутоа, ненадејното зголемување на бројот на посетители минатата година предизвика протести во многу земји поради лошите последици од „прекумерниот туризам“, особено врз цените на недвижностите и нивното изнајмување на домашното население за домување, како и поради истиснувањето на жителите од областите на градовите кои наеднаш се претвораат во туристички, за изнајмување.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
