-->
-->
Туск: Нема да прифатиме договор за безбедност што САД и Русија ќе го преговараат без ЕУ
-->

Европските земји нема да дозволат САД и Русија, без нивно учество, да се договорат за нови безбедносни правила за европскиот континент, изјави полскиот премиер Доналд Туск на самитот на Европската политичка заедница во Даблин.
„Под никакви околности нема да дозволиме никому да воспостави нови безбедносни правила во овој дел од светот над нашите глави, над главите на Полска и Европа“, изјави Туск.
Тој нагласи дека новата безбедносна архитектура на Европа не може да се воспостави еднострано, врз основа на барањата на Москва или Вашингтон.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
