Македонија
22. September 2026 - 10:04

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана

На 21.09.2026 во 18:55 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода И.А.(38) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 25 полиетиленски кесички и други различни пакувања со марихуана.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ново на Сител