Уапсен дилер на дрога од Бучим, при преглед на возило пронајдени 14.440 евра

На 13.08.2026 година, на магистралниот пат Радовиш–Штип, кај крстосницата за село Бучим, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.В.(35) од село Бучим, радовишко.
Имено, полициски службеници на магистралниот пат кај крстосницата за Неготино, забележале патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.В., за кого од надлежен суд била изречена мерка на претпазливост – забрана за напуштање на домот, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
На крстосницата за село Бучим, полициските службеници го запреле возилото, при што при извршен преглед биле пронајдени 14.440 евра во различни апоени, за кои М.В. не приложил доказ за нивното потекло.
За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки лицето било задржано во Полициската станица Радовиш.
На 14.08.2026 година, М.В. бил изведен пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“.
Од страна на ОВР Радовиш, по насоки на јавен обвинител, се преземаат дополнителни мерки и активности за утврдување на сите факти и околности и обезбедување докази во врска со сомнението за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ по член 273 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Воената помош за Украина во јуни достигна 7,2 милијарди евра
-

„Вашингтон пост“: Трамп планира градежни проекти во Белата куќа во вредност од најмалку 927 милиони долари
-

Ќерката на Бил Гејтс обвинета за контроверзна практика што на компанијата ѝ носела приходи
-

Мицкоски за 25 години Рамковен договор: Минатото не можеме да го промениме, но можеме да одлучиме каква иднина ќе изградиме
-

Во јуни издадени за 39 отсто повеќе одобренија за градење од лани
-

Општина Касандра на Халкидики продолжува со отстранувањето на нелегално поставената опрема на плажите
-

Сиљановска-Давкова: Струга е пример за вредностите на Рамковниот договор и соживотот
-

Пронајдена дрога во кичевско, уапсени две лица
