Уапсен е и братот на еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ

Последните информации од Вишото обвинителство во Зајечар се дека попладнево ќе бидат сослушани двајцата уапсени осомничени за убиството на девојчето Данка Илиќ, а по сослушувањето обвинителството ќе ја информира јавноста, јавува Н1.
Покрај тоа, како што се дознава, приведен е и братот на еден од осомничените.
Целата механизација, како и полициските патроли е повлечена од депонијата каде се трага по телото на Данка Илиќ. Во текот на денот на горната и долната страна силни полициски сили го обезбедуваа овој дел од патот. Засега не се знае дали потрагата на овој простор е прекината, а полицијата се преселила на нова локација недалеку од Бањско поле во потрага по телото, пишува Блиц.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера соопшти дека се приведени две лица кои го признале убиството.
Уапсени се работниците на јавното комунално претпријатие Водовод Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од селото Злот кај Бор. Со автомобилот налетале на Данка. Нејзиното тело наводно го оставиле на депонија.
Потрагата по двегодишната Данка Илиќ која исчезна во Бањско поле кај Бор траеше десет дена.
Ново на Сител
-

Сопственикот на Кливленд платил 20 автобуси за превоз на навивачите на седмиот натпревар против Детроит
-

Собранието ќе ја почне 102 седница, опозицијата ќе поставува пратенички прашања
-

Потпретседателот на Собранието на Црна Гора Никола Цамај во посета на македонскиот Парламент
-

Германија ќе инвестира милијарди евра во зајакнување на цивилната заштита
-

Барселона го израмни рекордот на Реал по победи на сите домашни натпревари во Ла Лига во една сезона
-

Лазаров: Успеавме да составиме тим на играчи кои се борат еден за друг
-

Кливленд ја доби мајсторката со Детроит
-

МЗТ Скопје Аеродром поведе во финалето против Маџари
