Уапсен е осомничениот кој фрлил бoмбa врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, сe трaгa пo уштe eднo лицe

Српската полиција уапси лице осомничено дека заедно со уште едно лице по кое се трага, во вторникот околу 04:52 часот активирале и фрлиле рачна граната во двор на семејна куќа на Дедиње, во Белград, со што предизвикале материјална штета. Тоа доцна синоќа го соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.
Медиумите во средата објавија дека бомба била фрлена врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, кој во тој момент не бил во Србија. Никој не е повреден од експлозијата, сопругата и ќерката на пејачот во тој момент биле во куќата.
Српскиот министер за внатрешни работи,Ивица Дачиќ, како што е наведено во соопштението, изјави дека апсењето го извршиле припадници на МВР на Србија, Полициската управа на градот Белград и Управата за криминалистичка полиција, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград и Безбедносно- информативната агенција.
Уапсеното лице (С.М.), родено 1993 година, е осомничено за сторено кривично дело недозволено производство, поседување, носење и тргување со оружје и експлозивни материи и предизвикување општа опасност и ќе биде приведено во Вишото јавно обвинителство во Белград.
МИА
Ново на Сител
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
-

Од полноќ поевтини горива
-

ССМ на традиционален протест за 1 мај
