Македонија
13. September 2025 - 13:45

Уапсен кумановец, возел со 2,66 промили алкохол во крвта

Ноќва во 01:27 часот на улица „100“ во Куманово од слобода е лишен и Ј.Т.(58) од Куманово, за кој по извршени проверки констатирано е дека управувал возило „пежо“ со 2.66 промили алкохол во организмот.

По целосно документирање на настаните, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

 

МИА