Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост против П.В. - Виш јавен обвинител од Битола, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите содржани во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот на ОЈО ГОКК.
Од Кривичен информираат дека против П.В., кој се сомничи за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик, со оглед на фактот дека судот не може да му определи построга мерка од мерката предложена од јавниот обвинител, му се се определуваат мерки за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за преземање определени работни активности.
Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.
Од МВР, претходно информираа дека, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО за ГОКК поднело кривична пријава против П.В. (61) од Прилеп, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ од чл.359 ст. 3 во врска со ст.2 од Кривичниот законик.
- П.В. во функција на виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Битола во повеќе наврати влијаел при донесувањето на одлуките од страна на други јавни обвинители, со цел изрекување на поблаги казни за сторителите - информираат од МВР.
П.В. е лишен од слобода, а со цел прибирање на дополнителни докази и пронаоѓање на предмети, извршен бил претрес во неговиот дом во Прилеп, како и службени простории кои ги користи, каде, како што информираат од МВР, се пронајдени и одземени шест мобилни телефонски апарати, едно УСБ и еден персонален компјутер.
МИА
Ново на Сител
-

Истекува мерката со која ДДВ за дизелот беше намалено од 18 на десет проценти
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Американската армија целосно се повлече од Ирак
-

Во напади врз Харков и Киев повредени повеќе од 25 луѓе
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
