-->
-->
Уапсен возач од кратовско, возел со 3,19 промили алкохол во организмот и излетал од патот
-->

На 26.01.2026 во 23:07 часот во Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода С.С.(38) од с.Татомир, кратовско.
Претходно, во 22:45 часот на регионалниот пат с.Татомир – Кратово, во с.Туралево, С.С. управувајќи возило излетал од патот, а по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,19 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
-

Мјузикал „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски - премиерата во мај
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
