Уапсен возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес
Полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи денеска го лишиле од слобода М.Ш. (39) од село Челопек, Тетовско.
Според МВР, на 2 август околу 19:20 часот, тој со автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки се движел во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес. Случајот беше објавен и на социјалните мрежи, каде што очевидци споделија фотографии од возилото.
По целосно документирање на случајот, против 39-годишникот ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Тој ќе биде изведен пред надлежен јавен обвинител.
Од МВР повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите со цел да се спречат опасни ситуации и да се зголеми безбедноста на патиштата.
Ново на Сител
-

Жена избоде четири лица во центарот на Лондон
-

Уапсен возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Зеленски: Испораките на ракети за воздушна одбрана на Украина се трипати помали од минатата година
-

Полицаец наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал, парите ги земал и приложувал стари уплати
-

Историски чекор за Иџе: Прв возач од Балканот со прототип „Норма“, само 12 вакви болиди во светот
-

Трамп: САД и Иран водат „многу добри разговори“, можен договор за Ормуската Теснина
-

Андоновски: Компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови
